Mk:Грампс 3.1 Вики Прирачник - Внесување и Уредување на податоци: Подробно
Претходниот оддел ви понуди кус преглед на тоа како да внесувате и уредувате податоци во Грампс. Овој оддел продолжува во тој правец во подробности.
Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:
These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links. |
Претходно | Индекс | Следно |
Languages: |
English • Deutsch • français • македонски • Nederlands • polski • shqip |
Contents
Вовед
Како што видовме погоре, Грампс нуди серија погледи. Секој од овие нуди можности за внесување и уредување информации. Всушност, често можете да ја добиете истата информација од различни погледи.
Во Грампс, информацијата е внесена и уредувана преку нешто што ние го нарекуваме дијалог. Бидејќи го употребуваме терминот особено често, треба да дефинираме што значи тој:
Дијалог е појавувачки прозорец што овозможува една или повеќе форми на внесување и уредување на податоци што одговара на одредена категорија. Примери за ова, меѓу другото, во Грампс се дијалозите Уреди лице и Уредувач на семејство .
Дијалогот често вклучува и серија на „јазичиња на книга“ што ги групираат информациите во поткатегории. На пример, дијалогот Уреди лице, меѓу другото, има јазичиња за поткатегориите како што се Настани, Особини, Адреси и Забелешки.
Уредување информации за лица
Информациите за лицата се внесуваат и уредуваат во дијалогот Уреди лице . Овој дијалог може да се добие преку различните погледи на следниве начини:
- Од погледот Лица: Со двоен клик на името на лицето чиишто податоци сакате да ги уредувате.
Изберете го името со еден клик, а потоа кликнете на копчето Edit од алатникот.
Изберете го името, а потоа притиснете Enter .
Изберете Уреди... од менито Уреди на Грампс.
Изберете Уреди од контекстното мени што се појавува при десен клик на името.
- Од погледот Врски: За да ги уредите податоците на Активното лице, кликнете на копчето Уреди веднаш до името на Активното лице.
- Од погледот Потекло: Двоен клик на полето што го содржи името на лицето чиишто податоци сакате да ги уредувате.
Во секој од претходните случаи, ќе се појави дијалогот Уреди лице :
Горниот дел од прозорецот ги покажува основните информации за лицето чиишто податоци се уредуваат.
Подолу се неколку јазичиња што содржат различни категории на достапни информации. Кликнете на кое било јазиче за да ја видите и уредувате неговата содржина.
Со кликнување на копчето Во ред на дното, ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето Откажи дијалогот ќе се затвори без применување на промените.
Ако некој податок во кое било јазиче е променет, ќе се појави прозорец со тревога, потсетувајќи ве да одберете од следниве опции: затворање на дијалогот без претходно зачувување, откажување на првичното барање за откажување или зачувување на промените.
Забелешка Со кликнување Во ред непосредно ќе се зачуваат промените во базата. Нема потреба за операцијата Зачувај, бидејќи сите промени се непосредни. |
Совет Ако ознаката на јазичето е со задебелени букви, тоа значи дека содржи податоци. А ако не е, тогаш нема податоци. |
Општите информации се најгоре на прозорецот. Ова го вклучува основно име и општите информации:
- Основно име: вклучува Дадено име , Семејно име , Семејна претставка (како „де" или „ван"), Наставка (на пример, Трети), Титула (на пример, Д-р), Кратко име (на пример, Ана за Ана Марија, повеќе информации овде), Вид на името (родено име, венчано име итн.). Некои од овие полиња на Семејно име и Вид овозможува „автодовршување“: како што пишувате во овие полиња, се појавува мени под полето што содржи внесови на базата на податоци што се совпаѓаат со вашите деловни внесови. Ова дава кратенка со којашто ќе можете да избирате внесови што веќе постојат во базата, подобро отколку да треба цело време да впишувате. Можете да одбирате користејќи го глувчето или копчињата со стрелки и Enter.
Уреди (т.е. иконата „пенкало и хартија“) веднаш до полето со Претставка го повикува дијалогот Уредувач на име. Овој дијалог дозволува уредување на посакуваното име во целосни подробности (видете adv-an ).
- Општо: Менито 'Пол нуди избор на полот на лицето: машко , женско и непознат .
Полето ИД го прикажува Грампс ИД - број што го препознава корисникот во базата на податоци. Оваа вредност помага да ги разликувате лицата што имаат исто име. Можете да ја внесете секоја единствена вредност што ќе ја посакате. Ако не обезбедите вредност, Грампс автоматски ќе избере вредност за вас.
Полето Означувач дозволува да одредите некои основни информации за состојбата на вашето истражување.
Копчето Тајност ви овозможува да означите дали записот на некое лице е личен или не.
- Слика: Областа Слика ја покажува првата достапна слика во 'Галеријата на ова лице (ако таква постои).
Јазичињата ги прикажуваат следниве категории на лични податоци:
- Настани: Јазичето Настани дозволува да ги гледате и уредувате сите настани значајни за тоа лице. Долниот дел од прозорецот има список со сите такви важни настани зачувани во базата. Горниот дел ги прикажува подробностите на тековно избраниот настан во списокот (ако има такви). Со копчињата + , Уреди и - можете да додавате, променувате и отстранувате настан запишан во базата на податоци. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избран некој настан.
- Имиња:
Во јазичето Имиња можете да го гледате и уредувате секое име што едно лице може да го има.
Најдолниот дел на прозорецот дава список на сите наизменични имиња на лицето зачувани во базата на податоци. Најгорниот дел покажува подробности за тековно избраното име од списокот (ако има такво). Копчињата + , Уреди и - дозволуваат додавање, променување и отстранување на наизменичното име од базата. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано наизменичното име од списокот.
Кога додавате ново име или уредувате постоечко, се повикува дијалогот Уредувач на име . Овој дијалог Имиња е опишан во одделот подолу.
- Особини:
Во јазичето Особини можете да гледате или доделувате особини на лицето. Имате целосна слобода да ги дефинирате и употребувате особините. На пример, особините можат да се доделуваат за опишување на некои физички карактеристики или карактерни црти.
Забележете дека секоја особина во дијалогот Особини се состои од два дела: Особината и Вредностата поврзани со таа особина. Ова е т.н. спарување „Параметар-Вредност“ што помага при организирање и систематизирање на вашето истражување. На пример, ако ја дефинирате „Боја на коса“ како особина на лице, „Боја на коса“ ќе стане изборна особина за сите други лица. Вредноста на бојата на косата на лицето А може да биде црвена, а кафеава за лицето Б. На сличен начин, можете да ја дефинирате особината „Дарежливост“ и да ја употребите вредноста „Огромна“ за да опишете особено дарежлива личност.
Во долниот дел од дијалогот се наоѓа список на сите особини зачувани во базата. Најгорниот дел прикажува подробности за тековно избраната особина од списокот (ако има таква). Со копчињата + , Уреди и - можете да додавате, променувате и отстранувате запис на особина од базата. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрана особина од списокот.
- Адреси:
Во јазичето Адреси можете да ги гледате и запишувате различните адреси на лицето.
Во долниот дел од дијалогот се наоѓа список на сите адреси зачувани во базата на податоци. Горниот дел прикажува подробности на тековно избраната адреса (ако има таква). Со копчињата + , Уреди и - можете соодветно да додавате, променувате и отстранувате запис на адреса во базата. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрана адреса од списокот.
Некои извештаи дозволуваат да ги ограничите податоците на живи луѓе. Поточно, тој избор ќе ги изостави нивните адреси.
- Забелешки
Јазичето Забелешки овозможува место за запишување на различни нешта за лицето коешто не се совпаѓа добро во другите категории.
За да додадете забелешка или да ги промените веќе постоечките забелешки едноставно само уредете го текстот во полето за текстовен внес.
Изборот Формат дава можност да го поставите начинот на кој забелешката ќе се појавува во извештаите и веб-страниците.
Ако изберете „Течно“, напишаниот текст ќе има едно празно место ставно на местото каде што има повеќе празни места, вовлекувања и знаци за крај на редот. Празна линија вметната помеѓу два дела на текст ќе означи нов параграф; дополнителни вметнати линии ќе бидат игнорирани.
Ако ја изберете опцијата за Преформатирање, текстот во извештаите и веб-страниците ќе се прикаже онака како што сте го внесле во дијалогот Забелешки .
- Извори
Јазичето Извори дава можност да ги гледате и документирате изворите за информациите што ги собирате.
Тие можат да бидат општи извори што не опишуваат одреден настан, но даваат некоја информација за лицето.
На пример, ако во мемоарите на тетка Марта е споменат нејзиниот праправнук Павле, истражувачот може да претпостави дека Павле, всушност, постоел и ги цитирал мемоарите на тетка Марта како извор што ја оправдува оваа претпоставка.
Средишниот дел прикажува список на сите упатувања на извори зачувани во базата на податоци во врска со лицето. Со копчињата + , Уреди и - можете соодветно да додавате, променувате и отстранувате упатување на извор до ова лице. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување на извор од списокот.
- Галерија:
Во јазичето Галерија можете да гледате и зачувувате слики, видеа и други медиумски објекти што се поврзани со лицето. Во средишниот дел од прозорецот се наоѓа список на сите такви медиумски објекти. Секој објект во важечката форма на сликовната датотека ќе се прикаже во минијатура од таа слика. За други објекти како што се аудио-, видео- датотеки итн., се прикажува соодветната икона на датотеката.
Совет Првата достапна слика во галеријата ќе биде, исто така, прикажана во областа Слики во јазичето Општо. |
.
Со копчињата + , Уреди и - можете да додадете нова слика во базата, да додадете линк до веќе зачувана слика во базата, да промените слика и да отстраните даден медиумски објект од галеријата на лицето. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избран медиумски објект од списокот.
Забелешка Отстранувањето на медиумски објект од галеријата на лицето не го отстранува од базата на податоци. Го отстранува само упатството до тој објект од записите на тоа лице. |
- Интернет:
Јазичето Интернет ги покажува сите интернет-адреси значајни за лицето. Во долниот дел се наоѓа список на сите такви интернет-адреси и придружни описи. Горниот дел ги прикажува тековно избраните адреси во списокот (ако има). Со копчињата + , Уреди и - можете соодветно да додавате, променувате и отстранувате интернет-адреса. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрана адреса од списокот.
- Поврзувања
Јазичето Поврзувања овозможува да гледате и уредувате информации за поврзувањата помеѓу лицата во базата на податоци.
Поврзувањата можат да вклучат кумови, семејни пријатели или некој друг вид поврзување што сакате да го запишете.
- СПД
Јазичето СПД (Реформирана црква на Исус Христос на Световните последните денови) овозможува да гледате и уредувате информации за црковните обреди на лицето.
Во ова јазиче се поставени обредите Крштевање, Свето посветување и Врзан за родители, означени во секое јазиче.
Секој обред е опишан со неговиот датум, СПД храм и место каде што се има случено.
Дополнително појавувачко мени, „Родители“ е достапно за обредот Вразување за родители. Секој обред понатаму може да биде опишан преку достапните избори на појавувачкото мени Состојба. Исто така, може да бидат вклучени и забелешки и упатувања до извори преку соодветните копчиња Извори... и Забелешки .
Уредување датуми
Овој оддел опишува како да внесете и менувате датуми. бидејќи датумите се многу важни во генеалошкото истражување, Грампс внимателно се грижи да ги заштити и употреби сите достапни информации.
Информацијата може да се внесе во полето за датум со директно впишување или со повикување на дијалогот Избор на датум . За двата методи ќе дискутираме подолу, но прво ќе покриеме некои важни карактеристики на датумите како што се користат во Грампс.
Видови датуми
Датумите во Грампс се класифицирани според следниве видови:
- Правилен: „Правилен“ е оној датум што вклучува одреден ден, датум или месец. Може да биде целосен (на пример, 6-ти јуни 1990 година) или делумен (на пример, јули 1977 година).
- Пред: „Пред“ е оној датум што може да се препознае како датум пред одреден ден, месец или година.
- По: „По“ е датум што се појавува по некој одреден ден, месец или година.
- Опсег: „Опсег“ опишува временски период во којшто се случил настанот. На пример, „помеѓу јануари 1932 и март 1932 година“.
- Период: „Растојание“ опишува временски период во којшто постоела некоја состојба. На пример, „од мај 2000 до февруари 2002 година".
Форми на датуми и разложувачки правила
Грампс препознава датуми внесени во повеќе формати. Основната нумеричка форма е онаа што е договорена за средината каде што Грампс се користи; односно, ДД.ММ.ГГГГ за европските земји, ММ/ДД/ГГГГ за САД итн.
Покрај точни датуми, Грампс препознава и многу датуми што не се правилни: пред, по, околу, опсег и период. Исто така, го разбира и квалитетот: проценет или пресметан. На крајот, поддржува делумни датуми и многу други календари. Подолу е поместен список на правила за внес на датуми за дозвола на точно разложување датуми.
Правилни единечни датуми можат да бидат внесени исто како што би ги напишале. Примери: 24-ти мај 1961 или први јануари 2004 година.
Датумите што не се правилни треба да почнуваат со квалитетот: проценети или пресметани , ако е применливо. Пример: проц. 1961 или пресм. 2005 година. (Забележете дека квалитетот не треба да се одредува пред правилните датуми.)
По квалитетот треба да се појави видот. Ако видот е пред , по или околу , можете да го одредите видот со пишување на „пред“, „по“ или „околу“. Ако видот е опсег, напишете „помеѓу ДАТУМ и ДАТУМ“, а ако видот е период, напишете „од ДАТУМ до ДАТУМ“. Примери, каде што ДАТУМ е поединечен датум.
Пример: проц. од 2001 до 2003 година, пред јуни 1975 година, проц. околу 2000 година, пресм. помеѓу 5-ти мај 1900 и 1-ви јануари 1990 година.
Делумни датуми се внесуваат едноставно со изоставување на непознатите информации. Пример: мај 1961 и 2004 година.
Други календари се други календари освен грегоријанскиот календар. Во моментов, Грампс поддржува хебрејски, француско-републикански, јулијански, исламски и персиски други календари. За да одредите друг календар поинаков од основниот грегоријански, додадете го името на календарот веднаш до датумот, на пример, „9-ти јануари 1905 година (јулијански)“. Индикатори на важечки датуми
Грампс користи крукчиња во боја за да ја означи важноста на внесениот датум.
ЛЕД-копчиња на датум Крукчињата во боја се, исто така, познати како ЛЕД-копчиња. Со кликнување на овие копчиња ќе го повикате дијалогот Избирање датум објаснет подробно подолу, видете adv-dates-gui |
Зелено крукче значи дека датумот е важечки и е целосно правилен (на пример, 24-ти мај 1961 година). Просто, тоа значи дека датумот одговара на единствен датум.
Жолто крукче значи дека датумот е важечки, но не е правилен. Ова може да биде датум од различен вид: пред датум (пред 25-ти мај 1962 година), по датум (по мај 1960 година), околу датум (околу 23-ти мај 1961 година), опсег (помеѓу први мај 1961 и 31-ви мај 1961 година) или период (од први мај 1961 до 31-ви мај 1961 година). Исто така, може да биде целосен единствен датум, но со квалитет на проценет или пресметан. На крајот, може да биде и делумен датум, т.е. правилен квалитетен единствен датум што му недостасува некој дел, на пример, мај 1961 или 1961 година.
Бидејќи делумните датуми не го дефинираат датумот како единствен, дозволуваат во најмала рака за некои видови споредби помеѓу датумите.
Црвено крукче значи дека датумот не е препознаен како важечки (на пример, „божиќната недела 61-ва година“ или „летото кога се оперирав“). Во вакви случаи датумот ќе биде зачуван како текстовна низа и затоа нема да може да се споредува со други датуми. Како што гледате, најдобо би било да избегнувате такви внесови. Подобро би било, на пример, да внесувате датуми како „декември 1961“, а потоа да ја додадете забелешката „божиќната недела 61-ва година“ Графички кориснички интерфејс за Внесување датуми
Додека горните расчленувачки правила обезбедуваат водич за тоа како да ги внесувате најобичите датуми, исто така, можете да го користите и дијалогот Избор на датум. Дијалогот е особено корисен за градење на сложени датуми или едноставно да се осигурате дека вашата информација е внесена на начин што Грампс ќе го разбере. Дијалогот Избор на датум може да се повика со кликнување на копчињата со обоени крукчиња веднаш до полето со внесениот датум.
Менито Календар овозможува да одберете календар што не е основниот грегоријански. Менито Квалитет нуди избор на правилен, проценет или пресметан. Менито Вид дава да го одредите точниот вид на датумот: правилен, пред, по, околу, опсег, период и само текст. Можете да го поставите Датумот со поставување на денот, месецот и годината. Во настанот каде што вашиот вид на датум е опсег или период, ќе се активира Втор датум . На крајот, има Текстовен коментар , поле за внесување текст каде што можете да внесете произволна текстовна низа заедно со датумот.
Уредување информации за врски
Информации за врските се внесуваат и уредуваат во дијалогот Уредувач на семејство . Овој дијалог се повикува на повеќе начини:
Од погледот Врски: кликнете на копчето Уреди во семејството што сакате да го уредувате.
Од погледот Семеен список: изберете го семејството од списокот и кликнете на копчето Уреди од Алатникот или двоен клик на семејството.
Од погледот Потекло: одете со стрелката на глувчето на црната линија што ги поврзува сопружниците, десен клик и одберете Уреди од контекстното мени или двоен клик на црната линија.
Секој од овие начини ќе го повика дијалогот Уредувач на семејство :
Горниот дел од прозорецот прикажува имиња на лицата чијашто врска се уредува, исто како и информација за нивно раѓање и умирање. Главниот дел од прозорецот прикажува три полиња со Информации за врски и седум јазичиња ги претставуваат различните категории на информации за врската. Кликнете на кое било јазиче за да ја видите или уредите информацијата што ја содржи. Долниот дел содржи копчиња Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред во кое било време ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето Откажи во кое било време ќе се затвори прозорецот без применување на промените. Ако некој податок во некое од јазичињата е променет, ќе се појави прозорец за тревога што ќе ве праша да изберете помеѓу затворање на дијалогот без зачувување на промените, откажување на првичното барање за откажување или зачувување на промените.
Забелешка Кликнување Во ред непосредно ќе ги зачува промените во базата на податоци. Оваа варзија на Грампс нема посебна функција за зачувување, сите промени се непосредни. |
Совет Ако ознаката за јазичето е со задебелени букви, тоа значи дека содржи податоци. А ако не, тогаш нема податоци во тоа јазиче. |
Полињата со Информации за врски содржат основни описи на врските. Полето Грампс ИД прикажува ИД број што ја означува врската ви базата на податоци. Достапните видови (на пример, Венчан, Невенчан итн.) може да биде избрани од паѓачкото мени Вид на врски. Означувачот дава да одредите некои основни информации за состојбата во вашето истражување.
Јазичињата ги даваат следните категории за информации на податоците за врските:
- Деца
Јазичето Деца дозволува гледање и уредување на списокот на деца во оваа врска. Копчето + допушта внесување на ново лице во базата и додавање лице како дете во оваа врска. Копчето Избери дозволува избирање на постоечко лице да биде дете во врската. Со копчето Уреди можете да уредувате врски помеѓу избраното дете и родителите. На крајот, со - можете да го отстраните избраното дете од врската. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано дете од списокот.
Забелешка Отстранување на детето од списокот, не го брише истото од базата на податоци. Само го отстранува детето од врската. |
- Настани
Јазичето Настани дозволува прегледување и уредување на списокот со настани важни за врската. Со копчињата + , Уреди и - можете да додавате, променувате или отстранувате запис на настан од базата. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избран настан од списокот.
Забелешка Отстранување на настанот од списокот, не го брише истиот од базата на податоци. Само го отстранува упатувањето на настан од оваа врска. |
- Извори
Јазичето Извори дозволува да гледате и уредувате список со упатувања на изворите што овозможуваат доказ за врската. Тие можат да бидат документи што упатуваат на врската, но не се неопходно официјално документирани. На пример, ако во мемоарите на тетка Марта е споменато дека нејзиниот праправнук Павле бил женет, истражувачот може да го земе ова како доказ дека врската помеѓу Павле и неговата сопруга постоела и да ги цитира мемоарите како извор за оваа претпоставка.
Совет Изворите што документираат одредени настани како што се бракови или разводи се полесно пополнети од оние настани во јазичето Настани. |
Со копчињата + , Уреди и - можете да додавате, променувате или отстранувате упатување на извор на оваа врска. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување на извори избрани од списокот.
Забелешка:
Отстранување на внес од списокот, не го брише изворот од базата на податоци. Само го отстранува упатувањето на изворот од оваа врска.}}
- Особини
Јазичето Особини дозволува гледање и уредување на одредени информации за врската што можат да бидат искажани како особини. Со копчињата + , Уреди и - можете да додавате, изменувате или отстранувате особини. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрана особина.
- Забелешки
Во јазичето Забелешки можете да гледате и уредувате забелешки поврзани со врската. Тие можат да бидат секакви коментари што вообичаено не се совпаѓаат во паровите „Параметар-Вредност“ достапни на Особините. За да додадете забелешка или да промените постоечка, едноставно само уредете го текстот во полето со текст.
Изборот Формат дава можност да изберете како ќе се појавува забелешката во извештаите и веб-страниците. Ако изберете „Течно“, напишаниот текст ќе има едно празно место ставно на местото каде што има повеќе празни места, вовлекувања и знаци за крај на редот. Празна линија вметната помеѓу два дела на текст ќе означи нов параграф; дополнителни вметнати линии ќе бидат игнорирани.
Ако ја изберете опцијата за Преформатирање, текстот во извештаите и веб-страниците ќе се прикаже онака како што сте го внесле во дијалогот Забелешки .
- Галерија
Во јазичето Галерија можете да зачувувате и прикажувате слики и други медиумски објекти што се поврзани со врската. Во средишниот дел од прозорецот се наоѓа список на сите такви медиумски објекти и дава минијатури на сликовните датотеки. Други објекти, како што се аудио-, видео- датотеки итн., се прикажани со соодветната Грампс икона. Со копчињата + , Избери , Уреди и - можете да додавате нова слика, да додадете упатување на постоечка слика, променување на постоечка слика и отстранување линк до медиумски објект на врската. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избран медиумски објект од списокот.
- СПД
Јазичето СПД (Световни последни денови) прикажува информации за СПД обредот „Врзан за сопружник“ . Податокот може да вклучи датум, СПД храм и место. Состојбата на обредот може да се опише преку изборите достапни во појавувачкото мени Состојба и исто така може да биде упатено преку соодветните копчиња Извори... и Забелешка .
За да уредите податоци за извори, префрлете се во погледот Извори и изберете го посакуваниот внес од списокот со извори. Двоен клик на тој внес или кликнете на иконата Уреди од алатникот за да го повикате следниов дијалог Уредувач на извори.
Главниот дел од прозорецот прикажува јазичиња што содржат различни категории на информации. Кликнете на јазичето за да ги погледнете или уредувате неговите содржини. Долниот дел од прозорецот има копчиња Во ред и Откажи. Со кликнување на копчето Во ред ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето Откажи ќе се затвори прозорецот без применување на промените.
Забелешка Со кликнување на копчето Во ред непосредно ќе се зачуваат промените во базата на податоци (ќе запише на диск). Сите промени се непосредни. |
Совет Ако ознаката на јазичето е со задебелени букви, тоа значи дека содржи податоци. А ако не, тогаш нема податоци во него. |
Општите информации на горниот дел од прозорецот даваат да дефинирате општи информации за изворот: неговиот Наслов , Автор , Скратување и Информации за објавување . Можете да ја впишете оваа информација директно во придружните полиња.
Јазичињата ги овозможуваат следниве категории на информации на податоците за изворот:
- Забелешка
Јазичето Забелешки обезбедува место каде што можете да запишувате различни информации за изворот што не се совпаѓа во другите категории. За да додадете забелешка или да промените постоечка, едноставно само уредете го текстот во полето со текст.
- Галерија
Јазичето Галерија овозможува зачувување и прикажување слики и други медиумски објекти поврзани со даден извор (на пример, слика на извод за раѓање). Во средишниот дел од прозорецот се наоѓа список на сите такви медиумски објекти и дава минијатури на сликовните датотеки. Други објекти како што се аудио-, видео- датотеки итн., се прикажани со соодветната Грампс икона. Со копчињата + , Избери , Уреди и - можете да додавате нова слика, да додадете упатување на постоечка слика, променување на постоечка слика и отстранување на линк до медиумски објект на врската. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избран медиумски објект од списокот.
- Податоци
Јазичето Податоци прикажува парови „Клуч/Вредност“ што може да бидат поврзани со изворот. Тие се слични со „Особини“ користени за други видови на Грампс записи. Разликата помаѓу паровите „Клуч/Вредност“ и „Особини“ е тоа што особините можат да имаат упатувања на извори и забелешки, додека паровите Клуч/Вредност немаат.
Во средишниот дел од прозорецот има список на сите постоечки парови Клуч/Вредност. Копчињата + и - дозволуваат додавање и отстранување парови. За да го промените Клучот или Вредноста, прво одберете го посакуваниот внес. Потоа, кликнете на ќелијата Клуч или Вредност на тој внес и впишете го вашиот текст. Кога ќе завршите, кликнете надвор од келијата за да излезете од уредувачкиот мод.
- Репозиториуми
Јазичето Репозиториуми ги прикажува упатувањата на репозиториумите што го содржат изворот. Списокот може да се подреди по секој од неговите заглавиа: ИД , Наслов , Повикувачки број и Вид . Со двоен клик на внесот можете да видите и уредите запис. Можете, исто така, да уредите упатување. Копчињата од страната на јазичињата дозволува додавање нов репозиториум, линк до (или да поделите) постоечки репозиториум, уредување на упатување до репозиториум или отстранување на упатувањето.
- Упатувања
Јазичето Упатувања прави список на сите записи во базата што упатуваат на овој извор, ако има. Списокот може да се подреди по секој од неговите заглавја: Вид , ИД или Име . Со двојно кликнување на внес можете да го гледате или уредувате запис.
Забелешка:
Само примарни објекти се прикажуваат во јазичето Упатувања : Лице, Семејство, Настан, Место или Медиумски објект. Кон секундарните објекти, како што се Имиња и Особини може да се пристапи преку примарните објекти на коишто тие припаѓаат.
Уредување информации за места
За да уредите информација за место, префрлете се во погледот Места и изберете го посакуваниот внес од списокот со места. Со двоен клик на внесот или клик на копчето Уреди од алатникот за да го повикате следниот дијалог Уредувач на местo :
Главниот дел од прозорецот прикажува седум јазичиња што содржат различни категории на информации. Кликнете јазиче за да ја видите или уредите неговата содржина. Долниот дел содржи копчиња Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето Откажи ќе се затвори прозорецот без применување на промените.
Забелешка Со кликнување на копчето Во ред непосредно ќе се зачуваа промените во базата на податоци. Сите промени се непосредни. |
Совет Ако ознаката на јазичето е со задебелени букви и прикажува икона, тоа значи дека содржи податоци. А ако не е, тогаш нема податоци. |
Јазичињата ги претставуваат следниве категории на податоци за места:
- Општо
Во јазичето Општо можете да гледате и уредувате основни информации за местото Наслов што го означува во базата на податоци, Град , Парохија , Земја , Држава , Географска ширина и Географска должина . Можете да ја впишете информацијата директно во придружните полиња.
- Други имиња
Јазичето Други имиња овозможува гледање и уредување на други имиња по коишто некое место може да биде познато. Во долниот дел од прозорецот има список на сите други имиња на местата зачувани во базата. Горниот дел од прозорецот покажува подробности за тековно избраното име во списокот (ако има). Копчињата + , Уреди и - дозволуваат да додадете, промените или остраните запис. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано име од списокот.
- Забелешка
Јазичето Забелешка го прикажува секој коментар и забелешка што се однесуваат на местото.
- Извори
Јазичето Извори овозможува гледање и уредување извори важни за едно место. Средишниот дел од прозорецот прикажува список на сите такви упатувања на места зачувани во базата. Копчињата + , Уреди и - дозволуваат да додадете, промените или отстраните упатување на извор поврзано едно место. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување на извор од списокот.
- Галерија
Јазичето Галерија овозможува зачувување и прикажување слики и други медиумски објекти поврзани со дадено место. Во средишниот дел од прозорецот се наоѓа список на сите такви медиумски објекти и дава минијатури на сликовните датотеки. Други објекти како што се аудио-, видео- датотеки итн., се прикажани со соодветната Грампс икона. Со копчињата + , Избери , Уреди и - можете да додавате нова слика, да додадете упатување на постоечка слика, променување на постоечка слика и отстранување на линк до медиумски објект на врската. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избран медиумски објект од списокот.
- Интернет
Јазичето Интернет содржи интернет-адреси важни за местото. Во долниот дел од прозорецот се наоѓа список на таквите адреси зачувани во базата. Горниот дел прикажува подробности за тековно избраната адреса од списокот (ако има). Со копчињата + , Уреди и - можете да додадете, промените или отстраните интернет-адреса. Копчето Оди (претставено со икона со зелена стрелка и жолто крукче) го отвора вашиот пребарувач и ве носи до веб-страницата што одговара на означената интернет-страница. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрана адреса од списокот.
- Упатувања
Јазичето Упатувања укажува на кои било записи во базата на податоци (настани или СПД обреди) што упатуваат на место. Оваа информација не може да се промени во дијалогот Уредувач на места. Наместо тоа, соодветниот запис на базата (на пример, настан за раѓање) треба да се повика и неговото упатување на место да се уреди.
Уредување информации за медиумски објекти
За да уредувате медиумски податоци, префрлете се во погледот Медиуми и изберете го посакуваниот внес од списокот со извори. Двоен клик на внесот или кликнете на Уреди од алатникот за да го повикате следниот дијалог Уредувач на медиумски својства :
Преглед на минијатура на објектот се прикажува, заедно со резиме на неговите својства (ИД, патека и вид на објект). Средишниот дел од прозорецот прикажува пет јазичиња што содржат различни категории на информации. Кликнете на јазиче за да ги видите или уредувате неговите содржини. Во долниот дел од прозорецот се копчињата Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето Откажи ќе се затвори прозорецот без применување на промените.
Забелешка:
Со кликнување Во ред непосредно ќе се зачуваат промените во базата на податоци (ќе запише на диск). Сите промени се непосредни.
Совет:
Ако ознаката на јазичето е со задебелени букви, тоа значи дека содржи податоци. А ако не е, тогаш нема податоци.
Јазичињата ги претставуваат следниве категории на медиумски податоци:
- Општо
Јазичето Општо дозволува да го гледате и уредувате Насловот и Датумот на објектот. Можете да ја впишете информацијата директно во соодветните полиња. За датумот, исто така, можете да внесете информација со кликнување на ЛЕД-копчето и повикување на дијалогот Избор на датум .
Забелешка:
На секој медиумски објект се упатува преку неговата патека. Корисникот е одговорен да зачува патека на датотеките на објектите. Грампс само ќе упатува и ќе ги прикаже содржините, а нема да управува со датотеките.
- Особини
Јазичето Особини овозможува преглед и уредување на соодветна информација за медиумскиот објект што може да биде изразен како Особини. Долниот дел од прикажува список на сите такви особини зачувани во базата. Горниот дел покажува подробности за тековно одбраните особини во списокот (ако има). Копчињата + , Уреди и - овозможуваат додавање, променување и отстранување на особина. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрана особина од списокот.
- Забелешки
Јазичето Забелешки овозможува место за запишување на различни информации за изворот што не се совпаѓаа соодветно во другите категории. Оваа област е особено корисна кога информацијата што ја запишувате не се совпаѓа со парот Параметар/Вредност достапни за Особините. За да додадете забелешка или да промените постоечка едноставно само уредете го текстот во полето за текстовен внес.
- Упатувања
Јазичето Упатувања укажува на кои било записи во базата на податоци што упатуваат на даден медиумски објект. Списокот може да биде подреден по секој од нивните заглавија на колоната: Вид , ИД или Име . Двојно кликнување на внесот дозволува преглед и уредување на соодветниот запис.
Забелешка:
Само примарните објекти можат да бидат прикажани во јазичети Упатувања : Лице, Семејство, Настан, Извор или Место. Секундарните објекти како што се Имиња и Особини, иако можат да упатуваат на медиумски објект, ќе се покажат само преку нивните примарни објекти на кои што тие припаѓаат.
Уредување на информации за настани
Настаните се уредуваат преку дијалогот Уредувач на настани . До овој дијалог може да се пристапи преку дијалогот Уреди лице или дијалогот Брак/Врска .
Средишниот дел од прозорецот прикажува пет јазичиња што содржат различни категории на информации. Кликнете на јзаиче за да ги видите или уредите неговите содржини. Долниот дел од прозорецот има копчиња Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред ќе се применат направените промени во сите јазичиња и ќе го затвори прозорецот. Со кликнување на копчето Откажи ќе се затвори прозорецот без применување на која било промена.
Ако ознаката на јазичето е со задебелени букви, тоа значи дека содржи податоци. Ако не, тогаш нема податоци. |
Јазичињата ги обезбедуваат следниве категории на информации за податоците за настани:
- Општо
Јазичето Општо овозможува гледање и уредување на основните информации за настанот: неговиот Вид , Датум , Место , Причина и Опис . Можете да ја впишете информацијата директно во придружните полиња. Видот може да биде избран од достапните видови во списокот од паѓачкото мени Вид на настан. Остатокот од информациите можат да се впишат во соодветните полиња за внесување на текст. Означувањето на полето за Личен запис го обележува записот како личен и овозможува негово испуштање при правење на извештаи.
- Извори
Јазичето Извори овозможува гледање и уредување на изворите важни за еден настан. Во средишниот дел од прозорецот се наоѓа список на сите такви упатувања на извори зачувани во базата. Копчињата + , Уреди и - овозможува додавање, менување и отстранување на упатување извор поврзано со место. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување на извор од списокот.
- Забелешки
Јазичето Забелешки обезбедува место да запишете забелешки или да коментирате за некој настан. За да додадете забелешка или да промените постоечка, само уредете го текстот во полето за внесување на текст.
Уредување Упатувања на извори
Упатувањата на изворите го поврзуваат Изворот со друг објект и дозволуваат да обезбедите дополнителни информации за изворот. Кога додавате упатувања извори на настани, места итн. се прикажува следниот дијалог:
Во дијалогот се вклучени две главни заглавија: Избор на извор и Подробности за извор . Избор на извор прикажува Наслов на Изворот, неговиот Автор и Информација за објавување . Насловот може да се избере од списокот со достапните извори во паѓачкото мени. Ако изворот на којшто упатувате сѐ уште не е во базата на податоци, можете да го внесете со кликнување на Нов... и пополнување на повиканиот дијалог Уредувач на извор .
Одделот Подробности за извор ги покажува подробностите поврзани со одредено упатување на овој извор: Доверба , Том/Филм/Страница , Датум , Текст и Коментари . Можете да го одберете степенот на Доверба од паѓачкото мени Доверба . Останатиот дел од подробностите можете да го впишете во соодветните полиња за внес на текст.
Имиња
Имињата се уредуваат преку следниот дијалог Уредувач на имиња :
Горниот дел од прозорецот го покажува насловот на дијалогот вклучувајќи го и името на лицето чиешто име се уредува. Средишниот дел на прозорецот прикажува три јазичиња што содржат различни категории на достапни информации. Можете да го доведете на врвот секое јазиче за прегледување и уредување со кликнување на неговото соодветно заглавие. Во долниот дел се наоѓаат копчињата Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред , во кое било време, ќе се применат направените промени во сите јазичиња и ќе го затвори прозорецот. Со кликнување на копчето Откажи , во кое било време, ќе се затвори прозорецот без применување на која било промена.
Совет:
Ознаките на јазичињата го одразуваат присуството на соодветните информации: ако јазичето содржи податоци, тогаш ознаката е со задебелени букви; ако јазичето не содржи податоци, тогаш ознаките се со обични букви (а не задебелени).
Јазичињата ги обезбедуваат следните категории на информации за податоците за имиња:
- Општо
Јазичето Општо дозволува уредување на општите информации за името: дадено име, семејно име, патронимско (форма на татково име што се користи во некои јазици, на пример, руски), семејна претставка, наставка, титула и вид на името. Информацијата може да се впише во соодветните полиња за внес на текст. Семејното име и видот, исто така, може да се изберат од достапните избори во списокот на соодветните паѓачки менија. За повеќе информации за значењето на различните имиња, видете на Names wiki entry.
Избори дозволува да го приспособите специфичното групирање, подредување и прикажување на својствата на ова име, како и обезбедување на датумот соодветен за тоа име. Полето Групирање обезбедува друг дополнителен јазол за групирање на дадено име, занемарувајќи го основното групирање засновано на семејното име. Ова може да биде потрепно за сличните семејни имиња што треба да се групираат заедно -- на пример, руските Иванов и Иванова се сметаат за исти, но разликата во полот се одразува во различното пишување. За да можете да пишувате во ова поле, означете го полето за означување Занемари . Подреди како и прикажи како го одредуваат начинот на којшто името се појавува во Погледот Лица и во извештаите. Датум може да обезбеди информации за полноважноста на ова име -- користете протегања колку што се потребни. Означете го полето Личен запис за да го обележите овој запис на име како личен. Ова нуди можност да не се вклучува имево во извештаите, ако така одберете во опциите за генерациски извештај.
- Извори
Јазичето Извори прикажува информации за изворите важни за ова име и ја управува можноста за променување. Средишниот дел го прикажува списокот на сите такви упатувања на извори зачувани во базата. Копчињата + , Уреди и - овозможуваат соодветно додавање, променување и отстранување на упатување извор на ова име. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување извор од списокот.
- Забелешки
Јазичето Забелешки ги прикажува сите забелешки во врска со името. За да додадете забелешка или да промените постоечка, едноставно само уредете го текстот во полето за внес на текст.
Изборот Формат овозможува поставување на изгледот на забелешката при изнесот на податоци (т.е. во извештаи и веб-страници). Ако изберете „Течно“, ќе ги замени сите повеќе празни места, вовлекувања и знаци за крај на редот во изнесот на податоци. Двата едно по друго нови редови (т.е. празен ред) означува нов параграф. Со избирање на Преформатиран ќе се прифатат сите повеќе празни места, вовлекувања и нови редови и при изнесувањето ќе се прикажат онака како што биле напишани во полето за внес на текст.
Особини
Особините се уредуваат во следниот дијалог Уредувач на особини :
Горниот дел од прозорецот го прикажува насловот на дијалогот, вклучувајќи го и името на лицето чијашто особина се уредува. Средишниот дел на прозорецот прикажува три јазичиња што содржат различни категории на достапни информации. Можете да го повикате секое јазиче на врвот за гледање и уредување со кликнување на соодветното заглавие на јазичето. Во долниот дел се наоѓаат копчињата Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред , во кое било време, ќе се применат направените промени во сите јазичиња и ќе го затвори прозорецот. Со кликнување на копчето Откажи , во кое било време, ќе се затвори прозорецот без применување на која било промена.
Совет:
Ознаките на јазичињата го одразуваат присуството на соодветните информации: ако јазичето содржи податоци, тогаш ознаката е со задебелени букви; ако јазичето не содржи податоци, тогаш ознаките се со обични букви (а не задебелени).
Јазичињата ги обезбедуваат следните категории на информации за податоците за особини:
- Општо
Јазичето Општо допушта уредување на најопштите информации за особината: името на особината и нејзината вредност. Информацијата може да се впише во соодветните полиња за внес на текст. Името на особината може да биде избрано и од достапните избори (ако има) во списокот на паѓачкото мени Особина . Означете го полето Личен запис за да го обележите овој запис на особина како личен. Ова нуди можност да не се вклучи оваа особина во извештаите, ако така одберете во опциите за генерациски извештај.
- Извори
Јазичето Извори прикажува информации за изворите важни за оваа особина и ја управува можноста за нејзина промена. Во средишниот дел се наоѓа список на сите такви упатувања на извори зачувани во базата на податоци. Копчињата + , Уреди и - овозможуваат соодветно додавање, променување и отстранување на упатување на извор на оваа особина. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување на извор од списокот.
- Забелешка
Јазичето Забелешка ги прикажува сите забелешки што се однесуваат на особината. За да додадете забелешка или да промените постоечка, едноставно само уредете го текстот во полето за внес на текст.
Изборот Формат овозможува поставување на изгледот на забелешката при изнесот на податоци (т.е. во извештаи и веб-страници). Ако изберете „Течно“, ќе ги замени сите повеќе празни места, вовлекувања и знаци за крај на редот во изнесот на податоци. Двата едно по друго нови редови (т.е. празен ред) означува нов параграф. Со избирање на Преформатиран ќе се прифатат сите повеќе празни места, вовлекувања и нови редови и при изнесувањето ќе се прикажат онака како што биле напишани во полето за внес на текст.
Адреси
Адресите се уредуваат во следниот дијалог Уредувач на адреса :
Горниот дел од прозорецот прикажува наслов на дијалогот, вклучувајќи го и името на лицето чијашто адреса се уредува. Средишниот дел од прозорецот прокажува три јазичиња што содржат различни категории на достапни информации. Можете да го донесете секое јазиче на врвот за гледање и уредување со кликнување на соодветното заглавие. Во долниот дел се наоѓаат копчињата Во ред и Откажи . Со кликнување на копчето Во ред , во кое било време, ќе се применат направените промени во сите јазичиња и ќе го затвори прозорецот. Со кликнување на копчето Откажи , во кое било време, ќе се затвори прозорецот без применување на која било промена.
Совет:
Ознаките на јазичињата го одразуваат присуството на соодветните информации: ако јазичето содржи податоци, тогаш ознаката е со задебелени букви; ако јазичето не содржи податоци, тогаш ознаките се со обични букви (а не задебелени).
Јазичињата ги обезбедуваат следните категории на информации за податоците за адреси:
- Општо
Јазичето Општо допушта уредување на најопштите информации за адресата: датум, улица, град или земја, држава или покраина, земја, поштенскиот број и број на телефон. Информациите можат да се впишат во соодветните полиња за внес на текст. Означете го полето Личен запис за да го обележите овој запис на адреса како личен. Ова нуди можност да не се вклучи адресава во извештаите, ако така одберете во опциите за генерациски извештај.
- Извори
Јазичето Извори прикажува информации за изворите важни за оваа адреса и ја управува можноста за нејзина промена. Во средишниот дел се наоѓа список на сите такви упатувања на извори зачувани во базата на податоци. Копчињата + , Уреди и - овозможуваат соодветно додавање, променување и отстранување на упатување на извор на оваа адреса. Забележете дека копчињата Уреди и - стануваат достапни само кога е избрано упатување на извор од списокот.
- Забелешка
Јазичето Забелешка ги прикажува сите забелешки што се однесуваат на адресата. За да додадете забелешка или да промените постоечка, едноставно само уредете го текстот во полето за внес на текст.
Изборот Формат овозможува поставување на изгледот на забелешката при изнесот на податоци (т.е. во извештаи и веб-страници). Ако изберете „Течно“, ќе ги замени сите повеќе празни места, вовлекувања и знаци за крај на редот во изнесот на податоци. Двата едно по друго нови редови (т.е. празен ред) означува нов параграф. Со избирање на Преформатиран ќе се прифатат сите повеќе празни места, вовлекувања и нови редови и при изнесувањето ќе се прикажат онака како што биле напишани во полето за внес на текст.
Соединување записи
Понекогаш се случува неколку записи во базата на податоци да опишуваат еден ист објект: исто лице, исто место или ист извор. Се случува или кога податокот е внесен два пати по грешка или кога новата информација открива дека двата внеса се однесуваат на истото лице. Исто така, ова може да се случи по увезување на GEDCOM од роднина, чијашто база на податоци се преклопува со вашите постоечки податоци.
Кога ќе откриете двојни записи, нивното соединување е корисен начин за поправање на состојбата.
Соединување лица
Има два начина за соединување на записи за лица: Спореди и соедини и Брзо соединување , обата достапни во менито Уреди.
- Спореди и соедини
Кога се избрани тошно две лица, одберете Уреди -> Спореди и соедини... за да го повикате дијалогот Спореди лица .
Во овој дијалог можете да одлучите дали одбраните записи треба да се соединат. Ако одлучите да не ги споите записите, без оглед на сличните имиња, можете да кликнете на копчето Откажи за да го затворите дијалогот без никакви промени. Ако одлучите да продолжите со спојувањето, одберете го соодветното радиокопче Избери за да го одредите записот што ќе биде користен како извор за примарните податоци, а потоа кликнете на Соедини и затвори.
Податоците од другиот запис ќе бидат зачувани како податоци за замена.
Попрецизно, сите имиња во другиот запис ќе станат имиња за замена на соединетиот запис. Слично ќе биде и со родителите, децата, сопружниците и децата во соединетиот запис итн.
- Брзо соединување: Кога се избрани точно две лица, одберете Уреди -> Брзо соединување за да го повикате дијалогот Соедини лица .
Дијалогот дозволува брзо соединување на два записа, одредувајќи го записот што ќе биде користен како извор на примарни податоци. Податоците од другиот запис ќе бидат зачувани како податоци за замена. Попрецизно, сите имиња во другиот запис ќе станат имиња за замена на соединетиот запис. Слично ќе биде и со родителите, децата, сопружниците и децата во соединетиот запис итн.
Совет Ако не сте сигурни дали да ги соедините податоците или не, или кој запис да го одредите да биде извор на примарните податоци, употребете го начинот Спореди и соедини опишан погоре. |
Соедини извори
Кога се избрани точно два извора, одберете Уреди -> Спореди и соедини... за да го повикате дијалогот Соедини извори .
Во овој дијалог можете да одлучите дали одбраните записи треба да се соединат. Ако одлучите да не ги споите записите, без оглед на сличните наслови, можете да кликнете на копчето Откажи за да го затворите дијалогот без никакви промени. Ако одлучите да продолжите со спојувањето, одберете го соодветното радиокопче за да го одредите насловот, авторот, скратениот наслов, информација за објавување и ИД за да бидат употребени за соединетиот запис, а потоа кликнете на Во ред .
Соединување места
Кога се избрани точно две места, одберете Уреди -> Спореди и соедини... за да го повикате дијалогот Избери наслов .
Во овој дијалог можете да одлучите дали одбраните записи треба да се соединат. Ако одлучите да не ги споите записите, без оглед на сличните наслови, можете да кликнете на Откажи за да го затворите дијалогот без никакви промени. Ако одлучите да продолжите со спојувањето, одберете го соодветното радиокопче за да го одредите насловот на соединетиот запис или одредете Друг и впишете нов текст, а потоа кликнете Во ред .
Претходно | Индекс | Следно |
Languages: |
English • Deutsch • français • македонски • Nederlands • polski • shqip |