Changes

Jump to: navigation, search
Уредување информации за врски
Секој од овие начини ќе го повика дијалогот {{man label|Уредувач на семејство}} :
[[Image:Edit-family-31-enmk.png|right|thumb|150px| Уредувач на семејство]]
Горниот дел од прозорецот прикажува имиња на лицата чијашто врска се уредува, исто како и информација за нивно раѓање и умирање. Главниот дел од прозорецот прикажува три полиња со {{man label|Информации за врски}} и седум јазичиња ги претставуваат различните категории на информации за врската. Кликнете на кое било јазиче за да ја видите или уредите информацијата што ја содржи. Долниот дел содржи копчиња {{man button|Во ред}} и {{man button|Откажи}} . Со кликнување на копчето {{man button|Во ред}} во кое било време ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето {{man button|Откажи}} во кое било време ќе се затвори прозорецот без применување на промените. Ако некој податок во некое од јазичињата е променет, ќе се појави прозорец за тревога што ќе ве праша да изберете помеѓу затворање на дијалогот без зачувување на промените, откажување на првичното барање за откажување или зачувување на промените.
За да уредите податоци за извори, префрлете се во погледот Извори и изберете го посакуваниот внес од списокот со извори. Двоен клик на тој внес или кликнете на иконата {{man button|Уреди}} од алатникот за да го повикате следниов дијалог {{man label|Уредувач на извори}}.
[[Image:edit-src-31-enmk.png|right|thumb|150px|Уредувач на извори]]
Главниот дел од прозорецот прикажува јазичиња што содржат различни категории на информации. Кликнете на јазичето за да ги погледнете или уредувате неговите содржини. Долниот дел од прозорецот има копчиња {{man button|Во ред}} и {{man button|Откажи}}. Со кликнување на копчето {{man button|Во ред}} ќе се применат сите промени направени во јазичињата и ќе се затвори дијалогот. Со кликнување на копчето {{man button|Откажи}} ќе се затвори прозорецот без применување на промените.

Navigation menu