Mk:Грампс 3.3 Вики Прирачник - Започнување

From Gramps
Jump to: navigation, search

Во ова поглавје ќе започнеме со основното. Ќе ви покажеме како да започнете со Грампс и како да побарате помош кога ќе ви затреба.


Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions


Previous [[Gramps {{{3}}} Wiki Manual| Index]] Next



Започнување на Грампс

Можете да започнете со Грампс на следниве начини:

  • Од менито Апликации

Изберете GRAMPS од списокот со програми прикажани на менито Апликации од Вашиот сметач. (Локацијата и изгледот на ова мени може да се разликува малку од една дистрибуција на Linux до друга). На почетната GNOME позадина, ќе го пронајдете Грампс во Апликации ->Друго мени.

  • Од наредбената линија

Ако сте упатени во Linux и сакате да работите со наредбената линија, ќе го започнете Грампс со повикување на терминалот со впишување

gramps

и потоа притискате Внеси .

Ако сакате Грампс да ви отвори одредена база на податоци или да внесе посебна датотека на почетокот, можете да го додатете името на датотеката на наредбената линија како аргумент:

gramps filename.grdb

каде што filename.grdb е името на датотеката што сакте да ја отворите. Наредбената линија овозможува многу повеќе начини за започнување на Грампс и изведување на различни задачи.

Одбирање на база на податоци

Ако Грампс е започната без претходно избрана база, почетниот екран ќе има мала функционалност. Поголемиот број од операциите нема да бидат достапни. За да вчитате база на податоци, или изберете Нова за да создадете нова база на податоци, или Отвори за да отворете постоечка база. Грампс е во тек со Вашите неодамна отворени бази,

Fig.1.1 Почетен прозорец

и тие можете да ги изберете со кликнување на стрелката до копчето Отвори и одбирање од паѓачкото мени.

Добивање помош

Грампс има мени за Помош кое што можете да го консултирате во секое време. Тука се вклучени следниве ставки:

  • Кориснички прирачник: Електронска верзија на прирачникот до кој што мочете да пристапите додека работите во Грампс.
  • ЧПП: Спискок на често поставувани прашања за Грампс.
  • Совет на денот: Прикажува дијалог со „Совет на денот“.
  • Состојба на приклучок: Употребете ја оваа ставка за прикажување на состојбата на приклучоците што ги имате додадено.
  • Грампс почетна страница: Оваа ставка го отвора Вашиот веб-пребарувач и Ве поврзува со веб-местото на проектот „GRAMPS“.
  • Грампс дописна листа: Оваа ставка го отвора Вашиот веб-пребарувач и Ве поврзува со страницата на Грампс дописната листа. На оваа страница, можете да ја пребарате архивата на дописната листа или да се приклучите на неа.
  • Извештаја за баг: Одберете ја оваа ставка за да пополните извештај за баг во нашиот систем за следење багови. (Запомнете, Грампс е жив проект. Сакаме да знаеме за сите проблеми на кои што ќе наидете така што ние ќе можеме да работиме на нивно решавње за доброто на сите.)
  • За: Оваа ставка прикажува дијалог со општи информации за верзијата на Грампс што ја извршувате.


Previous [[Gramps {{{3}}} Wiki Manual| Index]] Next