Mk:Грампс 5.2 Вики Прирачник - Поставувања

From Gramps
Претходно Индекс Следно

Параметри

Најголемиот број од поставувањата во Грампс се конфигурирани во дијалогот Параметри. За да го повикате, изберете Уреди -> Параметри...


Fig. 5.2. Дијалог на параметри

Јазичињата на врвот од дијалогот ги прикажуваат достапните опции на категориите.

Општо

Оваа категорија ги содржи параметрите важни за општа работа на програмата. Опциите се:

  • Додади почетен извор на увозот: Оваа опција влијае на внесувањето на податоците. Ако е ова поставено, секоја ставка што е увезена ќе содржи упатување на извор до увезената датотека.
Gramps-notes.png
Забелешка

Додавањето на почетен извор може значително да го забави внесувањето на вашата база на податоци.

  • Овозможи проверка на правопис: Оваа опција управува со овозможувањето и оневозможувањето на проверката на правопис за забелешки. Пакетот gtkspell мора да биде преземен за ова да работи.
  • Прикажи го Советот на денот: Оваа опција го управува овозможувањето и оневозможувањето на дијалогот Совет на денот при почнување.
  • Употреби засенчување во погледот Врски: Оваа опција го управува овозможувањето и оневозможувањето на засенчување во погледот Врски. Ако е овозможено, информацииите ќе бидат групирани заедно во области со засенчена заднина.
  • Прикажи копчиња за уредување на погледот Врски: Оваа опција го управува овозможувањето и оневозможувањето на копчињата за уредување на погледот Врски. Ако е овозможено, ќе ги забележите копчињата за уредување десно од прикажаните имиња.
  • Запомни го последниот прикажан поглед: Оваа опција го управува овозможувањето и оневозможувањето на приказот на последниот поглед. Овозможувањето ќе доведе до местото каде што сте ја запреле програмата последниот пат.
  • Број на генерации за утврдување на врската: Можете да го впишете бројот на генерации употребени за утврдување на врските. Почетната вредност е 15.
  • Основна патека за релативната медиумска патека: Овде можете да ја пополните основната патека за медиумските објекти. Со кликнување на копчето Директориум ќе добиете уредувач за Избирање на медиумски директориум каде што можете да ја пополните бараната патека.


База на податоци

Fig. 5.2. Preferences dialog

Оваа категорија содржи параметри важни за патеката на базата на податоци.

  • Патека на базата на податоци: Почетната патека каде што се зачувани базите е home directory/.gramps/grampsdb. Освен ако безусловно не сакате да го промените ова, останете на почетната патека.
  • Автоматско вчитување на последната база на податоци: Оваа опција го контролира овозможувањето и оневозможувањето на вчитувањето на почетокот на почнувањето на последно-користената база на податоци.

Приказ

Fig. 4.3. Preferences dialog

Оваа категорија содржи параметри важни за приказот на податоците и имињата. Опциите се:

  • Формат на име: Оваа опција го контролира приказот на имињата. Во Грампс има два вида формати за прикажување на името: претходно дефинирани формати и формати дефинирани од корисникот. Неколку различни претходно дефинирани формати на имиња се достапни: Дадено - Претставка Патронимско, Наставка Дадено - Претставка Презиме, Дадено Патронимско Наставка итн. Со кликнување на Уреди... од десната страна ќе се подигне прозорец Уредувач на приказ на име каде што е прикажан список со достапни опции. Даден е форматот заедно со пример. Кога претходно дефинираните формати не се соодветни, корисникот може да дефинира формат по сопствена желба. Можете да го користите копчето Додади за да додадете формат на име во списокот. Со едено кликнување ќе го добиете форматот ПРЕЗИМЕ, Дадено Наставка (кратко) и примерот: SMITH, Edwin Jose Sr (Ed). Ако сте додале нови формати, копчињата Отстрани и Уреди стануваат достапни за промена на списокот со формати на име.
Gramps-notes.png
Забелешка

Покрај системот за групни поставувања, Грампс овозможува утврдување на форматот на приказот на името поединечно за секое име преку дијалогот Уредувач на име (видете adv-an ).

Gramps-notes.png
Забелешка

Сопствените формати на приказот на името се зачувани во базата, така што вчитувањето на која било база, проширувањето Подробности на сопствените формати е оневозможено.

  • Формат на датум: Оваа опција го управува приказот на датумите. Неколку различни формати се достапни, (на пример: ГГГГ-ММ-ДД (ISO)) коишто можат да зависат од вашето место.
  • Претпоставка на презиме: Оваа опција влијае на почетното семејно име на детето кога тоа е додадено во базата на податоци. Ако е избрано Ниедно, нема да има обид за претпоставка. Избирањето на Татково презиме ќе го употреби семејното име на таткото. Избирањето на Комбинација од мајчиното и татковото презиме ќе го употреби татковото презиме следено од мајчиното. На крајот, Исландскиот стил ќе го употреби татковото дадено име следено од наставката „сон“ (На пример: синот на Едвин ќе биде Едвинсон).
Tango-Dialog-information.png
Совет

Оваа опција влијае само на почетното семејно име претпоставено од Грампс кога е подигнат дијалогот Уреди лице. Можете да го промените тоа име на оној начин на којшто мислите дека е соодветен. Поставете ја оваа опција на вредноста што најчесто ја користите, затоа што ќе заштеди многу впишување.

  • Статусна линија: Оваа опција ги управува информациите прикажани во статусната линија. Ова може да биде или името на Активното лице и неговиот/нејзиниот ИД или Врската со почетното лице.
  • Покажи текст на копчињата од страничната линија: Оваа опција управува дали текстуалниот опис да се прикаже веднаш до иконите во страничната линија. За да се покаже оваа опција ќе треба повторно да се почне програмата.

Текст

Fig. 4.4. Preferences dialog

Оваа категорија содржи параметри важни за тоа како личните имиња и имињата што недостасуваат и записите да бидат прикажани.

  • Недостасува презиме: во ова поле за внес можете да утврдите како ќе биде прикажано презимето што недостасува. Почетната вредност е [Недостасува презиме]. Можете да го промените ова во [--] или онака како ви одговара.
  • Недостасува дадено име: во полето за внес можете да утврдите како ќе биде прикажано даденото име што недостасува. Почетната вредност е [Недостасува дадено име]. Можете да го промените ова онака како што сакате.
  • Недостасува запис.
  • Лично презиме.
  • Лично дадено име.
  • Личен запис.

Ид формати

Fig. 4.5. Preferences dialog

Оваа категорија содржи параметри важни за автоматското генерирање на Грампс ИД.

Tango-Dialog-information.png
ИД Претставки

ИД претставките користат форматирачки конвенции заеднички за C, Python и други програмски јазици. На пример, %04d се проширува на цел број, препендирано со нули за да биде целосен со четири цифри. Ако сакате ИД да биде 1, 2, 3 итн., едноставно поставете го форматирачкиот параметар на %d.


  • Лица: Го дава образецот за генерирање на ИД за Лица. Почетната вредност е I%04d.
  • Семејство: Го дава образецот за генерирање на ИД за Семејство. Почетната вредност е F%04d.
  • Место: Го дава образецот за генерирање на ИД за Место. Почетната вредност е P%04d.
  • Извор: Го дава образецот за генерирање на ИД за Извор. Почетната вредност е: S%04d.
  • Медиумски објект: Го дава образецот за генерирање на ИД за Медиумски објект. Почетната вредност е: O%04d.
  • Настан: Го дава образецот за генерирање на ИД за Настан. Почетната вредност е: E%04d.
  • Репозиториум: Го дава образецот за генерирање на ИД за Репозиториум. Почетната вредност е: R%04d.
  • Забелешка: Го дава образецот за генерирање на ИД за Забелешка. Почетната вредност е: N%04d.

Предупредувања

Fig. 4.6. Preferences dialog

Оваа категорија го управува прикажувањето на предупредувачките дијалози, дозволувајќи повторно овозможување на дијалозите што биле оневозможени.

  • Не прикажувај предупредувања при додавање родители на дете.
  • Не прикажувај предупредувања при откажување со променети податоци.
  • Не прикажувај предупредувања кога недостасува истражувач при извоз во GEDCOM.
  • Покажи го дијалогот за состојбата на додатокот при грешка на вчитување додаток.

Информација за истражувачот

Fig. 4.7. Preferences dialog

Внесете ги вашите лични информации во соодветните полиња за внесување на текст. Иако Грампс бара информации за вас, тие се користат само кога Грампс може да изработува важечки GEDCOM излезни датотеки. Важечка GEDCOM датотека бара информации за создавачот на датотеката. Ако така изберете, можете полето да го оставите празно, меѓутоа ниедна од вашите извозни GEDCOM датотеки нема да биде важечка.

Достапните полиња за внес на текст се:

  • Име:
  • Адреса:
  • Град:
  • Држава/Покраина:
  • Земја:
  • ZIP/Поштенски код:
  • Телефон:
  • Е-пошта:

Бои на означувачи

Fig. 4.8. Preferences dialog

Оваа категорија ја управува истакнатата боја на ставките во списокот на Лицето кога има поставено означувач за , семејството или забелешка.

Можете да изберете различна боја за:

  • Целосно: почетна боја зелена: #008B00
  • Направи: почетна боја црвена: #F00
  • Сопствено: почетна боја виолетова: 8B008B

Со кликнување на полињата во боја ќе се повика уредувачот Изберете боја каде што можете да ги промените почетните поставувања. Името на бојата можете да го промените со впишување на нејзиното име - на пример: Кафеава.

Со кликнување на копчето Врати ќе се вратат сите промени.

Други поставувања

Освен дијалогот Параметри , има и други поставувања во Грампс. Поради повеќе причини, направени се попристапни поставувања, објаснети подолу.

Уредувач на колони

Колоните во погледните списоци можат да се додаваат, отстрануваат или прередуваат во дијалогот Уредувач на колони , видете column-editor-fig . Само означените колони ќе бидат прикажани во погледот. За да го промените нивниот редослед, повлечете ја колоната до посакуваното место во уредувачот. кликнувањето Во ред ќе се одрази на промените во соодветниот поглед. За да го повикате дијалогот Уредувач на колони , изберете Уреди -> Уредувач на колони...

Tango-Dialog-information.png
Уредувач на колони

Уредувачот на колони e достапен и работи на истиот начин за сите погледни списоци. Поточно, достапно е за погледот Лица, погледот Семејство (списокот со деца), погледот Извори, погледот Места, погледот Медиуми, погледот Репозиториуми и погледот Забелешки.


Поставување на почетно лице

Почетното лице е лицето што станува активно кога е отворена базата, кога е кликнато на копчето Почеток или е избрана ставката Почетно мени од менито Оди или десен клик на контекстното мени каде било. Копчето Почеток е достапно во Алатникот во погледот Лица, погледот Врски и погледот Потекло. За да поставите Почетно лице, направете го посакуваното лице активно, а потоа изберете Уреди -> Постави Почетно лице...

Приспособување на прегледни наредби

Без разлика дали алатникот, страничната линија или филтерот (не е достапно за погледите Потекло и Врски) се прикажани во главниот прозорец, тие се приспособуваат преку менито Поглед. Во различните погледи со кликнување на менито Поглед ќе се прикажат три полиња на коишто можете да кликнете:

  • Navigation
  • Странична
  • Алатник
  • Bottom
  • Филтерска странична линија

Дополнително, во зависност од погледот каде што сте, достапни ќе бидат и други опции.

  • Грамплети: Постави колони на
  • Врски: Покажи браќа/сестри и Покажи подробности
  • Сите други погледи: нема други опции

Извоз на екран

На поголемиот дел од погледите, прикажаните податоци можат да бидат извезени, изберете Датотека -> Извези поглед... Грампс ќе ги извезе податоците на екран по ваш избор (филтер, колони). Ова е моќна функција (без ограничувања), како извештај.

Напредна манипулација на поставувања

Gnome-important.png
Предупредување

Содржините на овој оддел се надвор од доменот на интересирање на општиот корисник на Грампс. Ако продолжите со чепкањето на опциите на ниско ниво можете да ја оштетите вашата инсталација на Грампс. Бидете внимателни. ВЕ ПРЕДУПРЕДИВМЕ!

GRAMPS 3 uses INI keys stored under .gramps (gramplets, keys) for managing user preferences. Списокот ги има следниве потставки:

  • Однесување: вообичаени имиња на клучеви се: betawarn, овозможи автозаштита (enable-autobackup), користи совети... (use-tips...)
  • Интерфејс: Многу копчиња што се однесуваат на висината и ширината на различните погледи - на пример: event-height: 450, event-ref-height: 585, event-ref-width: 728, event-width: 712...
  • Патеки: клучеви што се однесуваат со неодамнешни увезени датотеки и директориуми (dirs)
  • Параметри: клучеви што се однесуваат на параметри: сите заедничи претставки, направи бои
  • Истражувач: сите информации што се однесуваат на истражувачот

За лесно упатување можете да ја обележите gramps позицијата, така што нема да има потреба да го поминете целиот список надолу.

Клучната документација овозможува краток и опширен опис на достапните клучеви.

Уредувач на формат на име

Се создаваат нови формати, а постоечките се менуваат со користење на овој уредувач.

  • Формат на име: Името на сопствениот формат. Името на форматот може да биде која било низа, се користи само да го препознае форматот подоцна на списокот со Прикази на формати.
  • Дефинирање формат: Форматот, всушност, е дефиниран овде преку користење на посебни, форматирачки знаци. Пред и по овие посебни знаци може да се додаде кој било знак или низа. На пример: „(%t) %L, %f“ ќе даде „(Д-р) СМИТ, Едвин“. Форматирачките знаци се:
align="center"
Знак Име ЗНАК ИМЕ
%f Дадено име %F ДАДЕНО ИМЕ
%l Презиме %L ПРЕЗИМЕ
%t Титула %T ТИТУЛА
%p Претставка %P- ПРЕТСТАВКА
%s- Наставка %S НАСТАВКА
%c Кратко име %C КРАТКО ИМЕ
%y Патронимско %Y ПАТРОНИМСКО
  • Пример: Покажува пример како името ќе биде прикажано со тековното Дефинирање формат.
  • Подробности на дефинирање на форматот: Покажува брз потсетник на посебните форматирачки знаци.
Претходно Индекс Следно
Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions